Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, ги дозна противниците за Европското првенство што ќе се игра претстојната зима.
Македонија е дел од 24 репрезентации кои ќе играат на шампионатот, а за црвено-жолтите тоа ќе биде седми настап. Селекциите се поделени во шест групи, а Македонија ќе игра во А групата во Дебрецен.
Противници на нашите ракометарки ќе им бидат селекциите на Шведска, Унгарија и Турција. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА:
28 ноември: МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА
30 ноември: МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
2 декември: МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА
Домаќини на првенството што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември годинава, ќе бидат Австрија, Унгарија и Швајцарија. Натпреварите ќе играат од во четири града и тоа: Виена, Инсбрук, Дебрецен и Базел.
А група (Дебрецен): Шведска, Унгарија, МАКЕДОНИЈА и Турција.
Б група (Дебрецен): Црна Гора, Романија, Србија и Чешка.
Ц група (Базел): Франција, Шпанија, Полска и Португалија.
Д група (Базел): Данска, Швајцарија, Хрватска и Фарски Острови.
Е група (Инсбрук): Норвешка, Австрија, Словенија и Словачка.
Ф група (Инсбрук): Холандија, Германија, Исланд и Украина.