Нема многу време за одмор за осумте екипи од Втората лига кои разигруваат во плејофот, преку кој две од нив следната сезона ќе играат во Првата лига.
Во Прилеп и Скопје вечерва ќе се играат два реванш дуели од четвртфиналето по кои би можеле да ги дознаеме и првите полуфиналисти.
Екипите кои завршија на првите две позиции во регуларниот дел, МКК Куманово и Шкупи ги имаат првите „меч“ топки против Мега баскет и Борец баскет.
Куманово кој не знае за пораз сезонава, гостува во Прилеп, а Шкупи па пред своите симпатизери (сала „Зеф Љуш Марку“ во Скопје), но сега како „гостин“ ќе игра со Борец баскет.
Другите два натпревари од оваа прва елиминациска рунда ќе се играат утре. Во нив со предност од 1-0 во серијата подобар до две победи влегуваат Маџари и Ангели.
Во СЦ „Јане Сандански“, екипата на МЗТ Скопје У.Б го пречекува Ангели, а во Штип, Соколи се домаќини на Маџари.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари)
вторник
20.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ (0-1 во победи)
20.30 МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО (0-1)
среда
16.00 МЗТ СКОПЈЕ УБ – АНГЕЛИ (0-1)
19.00 СОКОЛИ – МАЏАРИ (0-1)