Екипата на МКК Куманово лесно ја потврди фаворитската улога и ја оствари 21-та победа во Втората лига, прва во плејофот. Кумановци убедливо го совладаат прилепски Мега баскет со 81:47 во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналето и поведоа со 1:0 во победи.
Уште по првата четвртина беше јасно дека победата останува во Куманово кој ја доби четвртината со 27:15. Веќе на избраниците на Марин Докузовски имаа 19 поени предност 45:26. Чиста формалност беше второто полувреме, за потврда на триумфот на МКК Куманово
Капитенот на победничката екипа Јанески со 17 поени беше прв стрелец. Двоцифрени кај домашниот тим беа и Ренато Димитриевски 15, односно Штерјов и Краљевски пој постигнаа по 12 поени.
Кумановци го комплетираа успешниот старт на екипите кои ја имаа улогата на домаќини во првите натпревари. Реванш дуелите од четвртфиналето ќе се играат во среда.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (реванш)
среда
(1) МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО (0:1 во победи)
(4) МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ (0:1)
(3) СОКОЛИ – МАЏАРИ (0:1)
(2) БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ (0:1)
- * Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари
- * Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)