Најдобриот македонски атлетичар последните години Дарио Ивановски денеска е дел од светската елита на тркачи маратонци на маратонската трка во Ротердам, еден од петте најпрестижни маратони во Европа.
Ивановски има стартен број 18, воедно тој ќе се обиде да оствари норма за Летните Олимписки игри во Париз која изнесува (2:08.10 часа).
Инаку, Дарио Ивановски има резултат 2:08.25 што е за само 15 секунди послабо од нормата постигнат годинава во Севиља.
Стартот на трката е во 10 часот.