Актуелниот шампион на Баерн дојде до очекувана победа против Келн во Бундес лигата. На натпреварот одигран во Минхен, Баерн славеше со 2:0.
Баварците одиграа мирно прво полувреме во кое не постигнаа гол. Резултатот го отвори Рафаел Гереро во 65.та минута. Конечните 2:0 гимпостави Томас Милер во 93.та минута.
Во победата на Лајпциг над Волфсбург пак Елмас одигра скромни 10 минути. Лајпциг победи со 3:0.
Првиот гол го постигна Дани Олмо во 13.та минута. Бенџамин Шешко зголеми на 2:0. Лоис Опенда во 82.та минута ги постави конечните 3:0. Елиф Елмас шанса доби во 86.та минута.
Во ремито на Бохум со Хајденхајм од 1:1, Агон Елези беше надвор од составот.
Standings provided by Sofascore