Младата машката одбојкарска репрезентација на Македонија (У18) со пораз го почна вториот круг од квалификациите за Европскиот шампионат. Македонските јуниори во натпревар од 1.коло на А групата се поразена од сината Италија со 0:3.
Домашниот на овој турнир ја покажа својата моќ и уште еднаш потврди дека Италија не само во сениорската туку и помладите категории е велесила.
Азурите на нашите јуниори им дозволија да освојат вкупно 33 поени во трите сета кои траеја само 61.минута. Првиот Италијанците го добија со 25-11, а во следните два на црвено-жолтите им препуштија по еден поен повеќе 25-12 и 25-12.
Ова беше вториот натпревар од оваа конкуренција, а во првиот Грција го совлада Израел со 3:1 во сетови. Токму Израелците се следниот противник на младите македонски одбојкари во утрешниот меч закажан за 16 часот.
Тој, како и неделниот натпревар против Грција (од 16 часот), ќе можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).