Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Србинот по безмалку два часа игра го совлада Италијанецот, Лоренцо Музети со 2:0, по сетови 7-5 и 6-3.
Ѓоковиќ не го отвори добро мечот против Италијанецот, кој ги искористи грешките и направи брејк во првиот гем. Од тој момент Новак заигра поконкретно, во петтиот гем спаси брејк топка што му даде дополнителна самодоверба. Србинот го искористи моментот и го доби сетот со 7-5.
Во вториот сет во кој имаше дури пет брејка, подобро се снајде Ѓоковиќ кој одзема три на сервис на противникот. Го доби Ѓоковиќ и тој сет со 6-2, а мечот со 2:0.
Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе биде Австралиецот Алекс де Минор.