Нема многу време за одмор за четвртфиналистите во кошаркарскиот плејофот во машка конкуренција. За осумте најдобри екипи во регуларниот дел, следува вториот круг од разигрувањето.

Обврските на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, ќе го пролонгираат комплетирањето на втората рунда. Вториот натпревар од четвртфиналето МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар, ќе го одиграат на 13.април (сабота).

А, денеска на програмата се два натпревари.

Екипите на Работнички и на Пелистер, со почетна предност (1-0) во сериите против Феникс и Еуро Никел, влегуваат во вторите натпревари.

Во СРЦ „Кале“ е закажан дуелот помеѓу Работнички и на Феникс, а повторно во Битола кај Пелистер ќе гостува кавадаречки Еуро Никел.

Утре ќе се игра и дуело во Чаир. Првиот натпревар меѓу Чаир и ТФТ донесе големи возбудувања, а така се очекува да виде и утревечер во салата „Шабан Трстена“ во Скопје. И овде, домашната екипа има почетна предност (1-0) во серијата.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (втор натпревар)
Среда
18.00 (2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС (1:0 во победи)
18.30 (3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ (1:0)
Четврток
21.00 (4) ЧАИР – ТФТ (1:0)
Сабота
18.00 (1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР (1:0)

*Подобар до три победи „2-2-1“
*Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)