Атлетико Мадрид го доби првиот четвртфинален дуел со Борусија Дортмунд на „Ванда Метрополитано“ со 2:1.

Одличен старт на натпреварот имаа избраниците на Диего Симеоне и уште во 4-тата минута дојдоа до водство од 1:0. Стрелец на погодокот беше Аргентинскиот репрезентативец, Родриго де Пол, кој одлично се снајде во шестнаесетникот му донесе предност на својот тим.

Се играше 32-та минута кога левото крило на Атлетико, Самуел Лино, зголеми на 2:0 за „јорганџиите“.

„Милионерите“ ја имаа топката во свој посед во текот на целиот натпревар и се обидуваа да креираат прилики за погодок. Но одбранбениот ѕид на домаќинот не им дозволуваше такво нешто.

Сепак, Себастијан Алер имаше одговор за одбраната на Атлетико Мадрид и во 81-та минута постигна погодок и намали на 2:1 со што го постави и конечниот резултат.

Реваншот меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се одигра во вторник на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.