Ново голема ракометна класика нé очекува денеска на домашната македонска сцена. Во мечот кој може да го одреди шампионот за оваа сезона, Вардар го пречекува актуелниот првак Еурофарм Пелистер.
За вардарци, овој дуел е „да се биде или не“. Ова имајќи во предвид дека во моментов црвено-црните заостануваат пет бодови зад битолчани на табелата.
Иако последните два меѓусебни дуели ги добија зелено-белите, вардарци веруваат дека со поддршката од своите навивачи можат до победа. Последните два натпревари во СЦ „Јане Сандански“ скопјани ги добија со пет и седум голови разлика.
Двајцата тренери би требало да ги имаат на располагање сите ракометари, исклучок Ненад Костески, па оттаму може да очекуваме бескомпромисна борба од двата тима.
„Супер дербито“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе почне од 18 часот.
Тоа е еден од двата натпревари од од 8.коло во плејоф суперлигашката конкуренција што се играат денеска. Вториот е во Автокоманда, каде Алкалоид го пречекува тимот на Пролет.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 8.КОЛО
Вторник
18.00 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20.00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ
Среда
16.00 СТРУГА – ТИКВЕШ
Четврток
19.00 ОХРИД – БУТЕЛ
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 23 бодови, Вардар 18, Охрид 17, Алкалоид 15, Тиквеш 13, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.