Првиот дуел во четвртфиналето на Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити несомнено е дуел на годината. Дали Реал Мадрид ќе го одбрани „Сантијаго Бернабеу“ или пак Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе покажат моќ како и минатата сезона, останува да видиме.
Реал и Сити ќе се сретнат три пат во три сезони по ред. Во 2021/22 „Кралевите“ предводени од Карим Бензема со магичен пресврт ги победија Манчестер Сити во полуфиналето. Подоцна ја освоија и титулата во Лигата на Шампиони.
Минатата сезона пак, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити му вратија на Реал и Бензема. Во полуфиналето Манчестер Сити славеше убедливо со 4:0, но пред домашната публика, а потоа комплетираше популарната „триплета“.
Сезонава не играат во полуфинале, туку во четвртфиналето. Сега во Реал го нема Карим Бензема, но тука е Џуд Белингам. Реал Мадрид сезонава има претрпено само 2 порази и тие два беа на „Ванда Метрополитано“ од Атлетико Мадрид. Без оглед на повредите Карло Анчелоти успеа да креира нешто специјално оваа сезона во Мадрид.
Манчестер Сити пак се борат повторно на три фронта, но оваа сезона не делуваат најубедливо како минатата. Во Премиер Лигата се трети, но само 1 бод ги дели од првото место. Против Топ 6 екипите сезонава Сити немаат најдобар учинок и во Лигата на Шампиони повторно избегнаа потежок предизвик до сегашната фаза.
„Менталната страна ќе биде најважна утре. Се подготвивме психолошки и физички и убедени сме дека поседуваме квалитет за да се натпреваруваме“, изјави Анчелоти.
Дали, Пеп и Манчестер се спремни да го одбранат трофејот во Лигата на Шампионите најдобро ќе согледаат против „кралскиот” клуб кој што никогаш не смее да се отпише во ниедно натпреварување, а посебно не во она каде што се најтрофејни.