Новак Ѓоковиќ денеска ја почна 420-та недела на врвот на АТП листата и на тој начин продолжи да го зголемува својот рекорд.

Ѓоковиќ има 9.725 поени на своето конто и е тенисер број еден во светот, пред Италијанецот Јанико Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.

Водечката тројка ја следат: Русинот, Данил Медведев, Германецот, Александар Зверев, Русинот, Андреј Рублев и Данецот, Холгер Руне.

Полјакот Хуберт Хуркач напредуваше за две позиции и сега е осми, а првите десет се и Бугаринот Григор Димитров и Норвежанецот Каспер Руд.