Актуелните шампионки, одбојкарките на Работнлки се вторите финалистки во плејофот на годинашната сезона на Првата женска лига.
Работнички го доби и вториот полуфинален меч совладувајќи го градскиот ривал Јанта волеј со 3:1 во сетови.
Иако одбојкарките на Јанта волеј први направија поголема предност и поведоа со 4-8, домаќините се вратија во игра. Работнички направи серија од 5-0, за водство од 9-8. Во продолжението се играше поен за поен се до 23-23. Шампионките освоија два поени во низа и го добија сетот со 25-23 и водство од 1:0 во сетови.
Вториот сет домаќинките го отворија со 4-0. Таквата предност ја имаа се до средината кога водеа со 16-12, но тогаш како да ги „снема“. Гостинките освоија 11, а загубија само 1 поени и направија недостижна предност. Го решија сетот во своја полза одбојкарките на Јанта волеј со 19-25 за израмнување на (1:1). Работнички не ја направи истата грешка од тој сет, па во наредниот предност со 5-0 на стартот ја материјализира. Го проведе светот во соја полза со убедливи 25-16 за 2:1.
Најголема борба се водеше во четвртиот сет. Неизвесно беше до самата завршница, а го добија шампионките со 25-23 за конечни 3:1 во сетови и 2:0 во победи.
Во машка конкуренција го чекаме вториот финалист.
„Мајсторка“ ќе играат одбојкарите на Штип УГД и Работнички, откако штипјани денеска го добија реваншот со убедливи 3.0 во сетови. Решавачкиот меч ќе се игра во вторник, а победникот во финалето оди на мегдан на шампионот Струмица.