Со одигрувањето на вечерашниот натпревар во кој екипата на Мега баскет го победи Работнички заокружен е лигашниот дел во Втората кошаркарска лига. Со тоа познати се осумте екипи што ќе разигруваат во плејофот. Воедно познат е и тимот што до година се сели во Третата лига.
Победата на прилепчани над Работнички 73-71 им ја донесе осмото, последно, место што води во разигрувањето. Во тоа претходно им помогнаа штипските соколи кои го совладаа Водно Санс па скопскиот тим остана без плејоф. Екипата на Борец баскет славеше во дуелот со Тетекс, па тетовски следната сезона ќе игра во Третата лига.
Топ фаворитот МКК Куманово, предводен од екс македонскиот селектор Марин Докузовски лигашкото дел го заврши со максимални 22 победи. Потсетување дека тимовите што ќе обезбедат пласман во финалето, истовремено ќе се изборат и за место во Првата лига.
првата рунда од разигрувањето, плејофот, според календарот треба а почне следниот викенд.
ВТОРА ЛИГА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(1) МКК КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ
(2) ШКУПИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
(3) МАЏАРИ – СОКОЛИ
(4) АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
* Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари
** Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) и (4) односно (2) и (3)