Женската тениска репрезентација на Македонија е во Вилнус, Литванија каде ќе настапи во втората Евро-африканска зона на „Били Џин Кунг“ Купот.
Македонските тенисерки денеска ги дознаа своите противнички во групната фаза.
Ждрепката посака нашите тенисерки да играат против фаворитот Хрватска и силната селекција на Естонија во рамките на „А“ групата. Иако ги добија најсилните селекции, сепак среќата им се „насмевна“ на нашите тенисерки. Имајќи го во предвид системот на натпреварување.
Мечевите ќе се играат во „СЕБ Арена“ на тврда подлога. Единаесетте репрезентации се поделени во три групи (една со три и две со по четири репрезентации). Трите првопласирани репрезентации од групите ќе формираат група во која ќе игра секој со секого. Од таа група двете прворангирани ќе изборат пласман во Првата Евро-африканска зона.
Второпласираните од групата од првата фаза ќе формираат група која ќе игра за пласман од 4-6.место, а третопласираните ќе играат за пласман од 7-9.место. Двете четвртопласирани репрезентации во групите следната година во Третата Европска или Африканска зона.
Најголем фаворит според составот е Хрватска која ја има пријавено Дона Векиќ (34.место ВТА). Од другите селекции за Естонија треба да настапи Каја Канепи, а според рангот меѓу најдобрите неколку тенисери секако е нашата Лина Ѓорческа.
Во првата рунда македонските тенисерки утре ќе играат против Естонија.