Фабио Квартараро останува во тимот на Јамаха до крајот на 2026 година откако потпиша нов договор со јапонскиот тим.
Тоа беше и како примарна цел за овој тим да го задржи шампионот од 2021 година во својот тим во следниот период.
Квартараро одлучи да остане во Јамаха поради тоа што јапонската компанија напорно работи на враќање на победничкиот пат од кој отстапија по освојувањето на титулата пред две и пол години.
Французинот и се приклучи на Јамаха во 2021 година, откако помина две сезони во сателитскиот тим Петронас Јамаха и оттогаш забележа осум победи и 21 пат заврши на подиумот.
Квартараро е третиот возач кој има договор за наредната сезона. Пред него на новите договори потписи ставија и Бред Биндер со KTM рејсинг и Бањаја со Дукати.
Мото ГП шампионат продолжува следната недела со ГН САД што ќе се вози од 12-ти до 14-ти април.