Екипата на МКК Куманово, предводена од екс македонскиот селектор Марин Докузовски, без пораз го заврши лигашкиот дел од сезоната во Втората лига. Кумановци лесно и убедливо (105-71) го совладаа второ пласираниот Шкупи и ја оствари 20-тата победа.

Овој натпревар, како и оној во Кисела Вода каде Ангели го победија Маџари, немаа резултатско значење, барем што се однесува до пласманот на табелата. Четирите екипи веќе ги имаа обезбедено првите четири позиции, а петата е гарантирана за МЗТ Скопје У.Б.

Остануваат уште две непознаници. Која ќе биде последната екипа што ќе се пласира во плејофот, а која ќе се пресели во Третата лига.

Првата дилема може да биде решена уште на првиот натпревар. Доколку Водно Санс го победи Соколи, скопскиот тим ќе биде осмиот што ќе игра во плејофот. Победа на штипјани им дава шанса на кошаркарите на Мега баскет кој утре ми гостуваат на Работнички. Но, тимот на Работнички се бори за опстанок, а тоа ќе зависи и од денешниот дуел меѓу Борец баскет и Тетекс. Доколку тетовци победат, тогаш и Работнички ќе мора да слави за да остане во второлигашката конкуренција.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – последно 22.КОЛО
недела
17.00 ВОДНО САНС – СОКОЛИ
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ТЕТЕКС
18.00 РАБОТНИЧКИ – МЕГА БАСКЕТ
Петок
МКК КУМАНОВО – ШКУПИ 105-71
АНГЕЛИ – МАЏАРИ 77-65
Слободен МЗТ СКОПЈЕ У.Б.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 40, Шкупи 36, Маџари 35, Ангели 33, МЗТ Скопје У.Б. 31, Соколи 27, Борец баскет 26, Водно Санс 25, Мега Баскет 25, Работнички 2018 22, Тетекс 21.