Екипата на Баер Леверкузен очекувано се пласира во финалето на германскиот куп. Со тоа избраниците на шпанскиот стратег Чаби Алонсо се на најдобар пат сезоната да ја завршат со двојна „круна“.
Популарните „фармацевти“ во полуфиналето ја совладаа екипата на Форуна Диселдорф со 4-0.
Уште во првото полувреме беше јасно дека фаворитот ќе го потвфди приматот, па на одмор Баер замина со три гола предност. Стрелци на головите беа: Фримпонг (7.минута), Адли (20) и Вирц (35). Во вториот дел Вирц постигна уште еден гол и ги постави конечните 4-0.
Баер во финалето закажано за 25 мај во Берлин за противник ќе го има второлигашот Кајзерслаутерн.
Тимот од Леверкузен атакува и на шампионскиот трофеј во Бундес лигата и веќе има огромна предност во однос на второ пласираниот минхенски Баерн.