Последниот натпревар од вечерашната програма во Премиер лигата меѓу Вест Хем и Тотенхем заврши без победник 1-1.
Дуелот што требаше да биде дерби на вечерта, делумно ги оправда очекувањата. Се играше офанзивно на двете страни но стрелците не беа на висина на задачата.
Иако натпреварот почна фантастично и во воведните 19 минути беа постигнати два гола, тоа беше се што видовме од погодоци до крајот на мечот.
Гостите кои преку Џонсон поведоа уште во петтата минута. Предноста ја анулира Французинот, Зума во 19-тата минута. И тоа беше се од голови.
Со по еден освоен бод двата тима останаа на истите позиции. Тотенхем е петти со 57, а Вест Хем на седмото место во 45 бодови.