Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска и утре на програмата се првите полуфинални натпревари.
Во овој сегмент, четирите екипи ќе одиграат по два натпревари (дома и гости), а победниците ќе се изморат за мајското финале.
Први на „мегдан“ ќе излезат фудбалерите на Шкупи и Тиквеш, во дуелот закажан за денеска.
Улогата на фаворит ќе ја имаат чаирчани кои покрај Купот го бркаат и шампионскиот трофеј. Тимот на Шкупи кој е наследник на Слоја Југамагнат екипа која зад себе имаше осум финални дуели и три освоени трофеи. Од друга страна, кавадарчани ќе се обидат за прв пат да стигнат до финалето.
Почетокот на денешниот натпревар меѓу Шкупи и Тиквеш е закажан за во 15 часот, термин во кој утре ќе се игра и натпреварот во Охрид меѓу Воска спорт и Македонија Ѓорче Петров.
КУП НА МАКЕОДНИЈА ПОЛУФИНАЛЕ (прв натпревар)
вторник 15 часот
ШКУПИ – ТИКВЕШ
среда 15 часот
ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.