Екипата на Кајзерслаутерн по осми пат во клупската историја ќе игра во финалето на фудбалскиот Куп на Германија.
Во првиот полуфинален натпревар на популарниот „ДБФ Покал“, второлигашот Кајзерслаутерн славеше на гостувањето кај Сабрикен кој игра во третата лига со 2-0.
Двата гола беа посигнати во второто полувреме. Во 52.минута по ударот Ритер, домашниот голман Шрајбер направи голем кикс и гостите поведоа со 0-1. До вториот гол се чекаше до 75.минита кога фудбалерот од Мали, Алмами Туре ја затресе мрежата на домаќините.
Така по пауза од 2203-тата година Кајзерслаутерн се пласира во финалето, што ќе се игра во Берлин на 25 мај.
Кој ќе биде противник на Кајзерслаутерн ќе дознаеме утревечер по дуелот меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.