Екипите на Бутел и Алкалоид одиграа уште еден интересен натпревар. Откако минатиот викенд играа во Автокоманда во Купот, сега во Бутел го одиграа натпревар од 6.коло во плејофот на Супер лигата.
И повторно победник излезе вицепрвакот Алкалоид со конечни 23-20
Во првото полувреме двата тима се менуваа во водство. Но, ниту еден тим не успеа да создаде поголема предност од два гола. Така израмнетото прво полувреме заврши со нерешен резултат 12-12.
Во вториот дел по водството на домаќините 14-13, гостите од Автокоманда направија серија од 0-3 и поведоа (14-16). Алкалоид за прв пат во 49-тата минута поведе со три гола разлика (16-19). Во бркотницата по теренот и обидот да се намали негативата, бутелчани направија неколку грешки кои гостите знаеја да го казнат. На крајот Алкалоид славеше со три голови разлика (20-23).
Мартин Серафимов и Марко Митев со по пет голови беа најефикасниот во победничката екипа. Филип Николов со девет голови беше најефикасниот играч на натпреварот и во поразениот тим.
Со новите бодови и вкупно 15, Алкалоид изби на второто место на табелата во исчекување на исходот од дербито Охрид – Вардар кое е во тек.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) – 6.КОЛО
недела
БУТЕЛ – АЛКАЛОИД 20-23
ОХРИД – ВАРДАР во тек
Сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 34:23
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 23:26
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 20 бодови, Алкалоид 15, Охрид 14, Тиквеш 13, Вардар 12, , Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.