Со два натпревари, во Скопје и Кавадарци, попладнево ќе биде отворено 25.коло во Првата фудбалска лига.

Иако се дијаметрално спротивни позиции на табелата, сепак дуелите меѓу Шкупи и Вардар секогаш привлекувале големо внимание. Така ќе биде и попладнево во Чаир, каде ќе се игра натпреварот.

Домаќине на последните шест натпревари останаа „пократки“ за 8 бодови, играчи нерешено на четири натпревари. Затоа Шкупи сега заостанува три бода зад лидерот Струга Трим Лум. Варарци кои се борат за опстанок, ќе се обидат да ја продолжат низата на четири натпревари без пораз.

Во Кавадарци, ќе се сретнат четврто и петто пласираните екипи на табелата. Кратовски Силекс врза две победи во низа и ќе се обида да ја оствари третата на гостувањето кај Тиквеш. Од друга страна домаќините сакаат да го надополнат поразот од Македонија Ѓорче Петров од минатото коло.

Двата натпревари ќе почнат од 15 часот, термин во кој утре ќе се играат и останатите четири дуели од ова коло.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 25.КОЛО
сабота (15 часот)
ШКУПИ – ВАРДАР
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
недела
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore