Во Првата машка кошаркарска лига, викендов на програмата е последното 22-ро коло, по кое ќе ги дознаеме и двојките за првата рунда во плејофт.

Иако екипата на Работички во моментов е на првата позиција на табелата, сепак шампионот МЗТ Скопје Аеродром е поблиску до „пол-позицијата“ во разигрувањето.

Двата тима имаат ист број на бодови, а важат за апсолутни фаворити во дуелите со Гостивар и Академија ФМП. Ако се оди според „нивниот“ план и забележат победи, тогаш МЗТ ќе заврши како прв, а Работнички како втор на табелата. Ова поради подобриот меѓусебен дуел на литите ривали кои го имаат аеродромци.

Пелистер на најблиску до третата позиција бидејќи е чекор пред ривалите ТФТ и Чаир, а два пред Еуро Никел. Постои можност меѓу овие три тима да дојде до промени на позициите, но не и за Феникс и Гостивар кои ќе останат на седмото и осмото место.

Пет од шесте натпревар ќе се играат денеска, а последниот утре.

Сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 22.КОЛО
сабота

18:00 РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
18:30 АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ
19:00 КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР
20:30 ТФТ – ФЕНИКС
21:00 ЧАИР – ОХРИД
недела
19:00 ВАРДАР – ЕУРО НИКЕЛ

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 38, Пелистер 36, ТФТ 35, Чаир 35, Еуро Никел 33, Феникс 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 26, Академија ФМП 25, Вардар 24.