Со одигрувањето на трите финални, бараж натпревари, познати е изгледот на сите групи на Европското првенство во Германија летово. Најинтересно се очекува да биде во групите на балканските репрезентации.

Во „Б“ конкуренцијата Хрватска за противник ќе го има актуелниот шампион Италија како и селекцијата на Шпанија. Аутсајдер во оваа конкуренција е Албанија.

Во „Ц“ групата на вицепрвакот Англија, противници ќе бидат Србија, Словенија и Данска.

Домаќинот Германија се чини има група по мерка. Германците ќе играат во „А“ групата против Шкотска, Унгарија и Швајцарија.

Франција која според „букмејкерите“ е ТОП фаворит, ќе игра во група со Холандија, Полска и Австрија.

Навидум по не атрактивни, но не и неквалитетни, ќе бидат последните две групи „Е“ и “Ф“.

Европското првенство во Германија ќе се игра во 10 градови. Отворањето на шампионатот ќе биде на „Алијанц Арената“ во Минхен на 14 јуни. Вообичаено првиот меч го игра домаќинот Германија кој за противник ќе ја има Шкотска. Финалето е во Берлин на 14 јули.

ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА