Остануваат уште три празни места за претстојното Европско фудбалски првенство, што летово ќе се одржи во Германија.
Шест репрезентации со иста цел, да бидат дел од елитата, а кому ќе му успее тоа, ќе дознаеме вечерва.
Во Кардиф, Тбилиси и Вроцлав ќе се играат финалните, бараж дуели.
Први на мегдан ќе излезат фудбалерите на Грузија и Грција кои ќе играат во третата по квалитет конкуренција. Дербито е во Велс каде ќе гостува Полска, додека Украина на неутрален терен во Полска, ќе ја пречека селекцијата на Исланд.
БАРАЖ – ЗА ЕУРО 2024
Лига „А“ – Финале
20.45 ВЕЛС – ПОЛСКА
Лига „Б“ – финале
20.45 УКРАИНА – ИСЛАНД (Вроцлав)
Лига „Ц“ – финале
18.00 ГРУЗИЈА – ГРЦИЈА
Инаку, познато е во кои групи, победниците од овие бараж дуели, и против кого ќе играат на Европскиот шампионат.
Така победникот од дуелот Валс – Полска, на ЕП ќе игра во „А“ групата во која се Франција, Холандија и Австрија.
Репрезентациите на Белгија Словачка и Романија во „Е“ групата го чекаат победникот од мечот Украина – Исланд.
Победникот од вечерашниот натпревар меѓу Грузија и Грција, ќе биде сместен во „Ф“ групата во која се Турција, Португалија и Чешка.
Европското првенство во Германија ќе се игра од 14 јуни до 14 јули, во 10 градови, а финалето е во Берлин.