Шпанскиот мотоциклист од Прамак Дукати тимот, Хорхе Мартин победи на втората трка од Мото ГП првенството што се возеше во Португалија.

Тој уште на стартот го презеде водството и со доминантно возење успеа да стигне до првата победа во сезоната. 

Со него на подиумот ќе бидат возачот на Дукати Леново тимот Бастианини и дебитантот и изненадувањето Акоста од тимот на Ред Бул Гас Гас.

Токму Акоста стигна до третото место откако Вињалес имаше проблеми со моторот и мораше да ја заврши трката на два круга до крајот. 

Свој дуел за што подобро место имаа шампионот Бањаја и Марк Маркез од тимот на Гресини. 

По голема борба во еден свиок, Бањаја удри во Маркез и на крајот на двајцата ја завршија трката и останаа без бодови. 

Во топ 10 се пласираа и Биндер, Милер, Безеки, Квартараро, Еспаргаро, Оливеира и Џиантонио. 

Па сега во генералниот пласман имаме нов лидер. Тоа е Мартин кој има 60 бода, 18 повеќе од Биндер кој е втор со 42, трет е Бастианини со 39, а четвртти е Бањаја со 37. 

Младиот дебитант Акоста е петти со 28 бода, а шестти е Марк Маркез со 27 бода. 

Следата трета трка од Мото ГП првенството ќе се вози три недели на 14 април кога се вози трката за ГН на САД во Тексас.