Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ја заврши сезоната во Универзитетеката кошаркарска американска лига (НЦАА).
Јакимовски со неговиот универзитет Вашингтон Стејт, се елиминирани во втората рунда од завршницата, или популарното „мартовско лудило“ што се одржува во Омаха, Небраска.
Популарните „Кугарс“ на Јакимовски беа поразени од Ајова Стејт.
Во првото полувреме беа постигнати мал број на поени, а резултатот беше израмнет 27-27. Во стилот на своето име „Циклон“ тимот на Ајова започна силно на стартот на второто полувреме. Брзо направи двоцифрена предност која постојано Вашингтон никако не успеваше да ја анулира. На крајот постојано Ајова славеше со конечни 67-56.
Македонскиот репрезентативец Јакимовски имаше скромен учинок од само 3 поени (1/5 за три, 0/2 за два), на кои додаде 7 скокови и по една асистенција и блокада.
Во конференциското 1/16-финале на Истокот, Ајова ќе игра со победникот од дуелот меѓу Дукејн и Илиноис.