Фудбалската репрезентација на Македонија е во Анталија, каде вчера го одигра првиот од двата контролни натпревари.
„Ремито“ со Ерменија (1-1), се должи на падот на концентрацијата во завршните минути од натпреварот, смета Никола Серафимов.
Тој додава дека токму во тој сегмент трема многу повеќе да се поработи и до крајот на секој натпревар да се сочува фокусот.
„Додека сме сконцентрирани и фокусирани, беспрекорно ги спроведуваме зададените задачи од стручниот штаб и тактиката.
Често ни се случува во завршницата да изгубиме концентрација и фокус, што на крајот не чини бодови или како вчера можност да славиме победа. Мора многу да работиме на тоа“.
Избраниците на Милевски денешниот и утрешниот ден ќе ги искористат да се подготват за вториот меч против Црна Гора во понеделник.
„Црна Гора е поквалитетен противник.
Нé очекува тежок натпревар, но добро ќе направиме анализа и подготовка и во одиме на победа во понеделник“, истакна Серафимов.
Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора е закажан за во понеделник од 18 часот.