Репрезентацијата на Бразил го добри пријателскиот натпревар против Англија одигран вечерва на „Вембли“ во Лондон. Бразилците славеа победа минимално со 1-0.
Голем број на анси, отворен офанзивен фудбал одиграа двете репрезентации, а само еден гол го репи победникот.
Клучниот момент се случи во 80-тата минута.
По брзата контра, Винициус не успеа да го совлада Пикфорд, а на одбиената топка налета новата бразилска надеж 17-годишниот Ендрик и го постигна гол за Кариоките.
Со тоа тој стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол на овој стадион. Супер талентираниот напаѓач на Палмеирас од претстојното лето се сели во Реал Мадрид.
До крајот на натпреварот, Англичаните се обидуваа да стигнат до израмнување, но тоа беше јалово, па на победата се радуваа Бразилците.