Одбојкарките на Јаната волеј очекувано се вторите финалисти во Купот на Македонија. Во вториот полуфинален меч кај дамите, Јанта волеј славеше победа над Наковски волеј со 3:0 во сетови.
Иако струмичанки подобро го отворија натпреварот и водеа со 11-5, скопјанки брзо се вратија. Направи Јанта серија од 7-0 и го презеде водството. Оттука до крајот на сетот Јанта волеј играше лесно и го доби првиот сет со 25-19.
Во вториот сет Наковски волеј имаше 10 поени предност (14-4), која не дозволи да ја испушти, па добивачи го сетот со 25-19 и израмни на 1:1.
Трет сет рамноправно се играше до 12-12, по што следуваа две мини серии на скопјанки за предност од три поени (18-15). Струмичанки не се откажуваа и постојано ја бркаа негативата. Сепак, немаа сили за комплетен пресврт, па Јанта волеј поведе со 2:1 во сетови (25-20).
По него како да немаа веќе сили одбојкарките на Наковски волеј, па противникот го доби четвртиот сет со 25-16 и со 3:1 го доби мечот, за шесто финале во клупската историја.
Во дуелот за трофејот Јанта волеј ќе игра против Струмица која го доби „трилер“ мечот против бранителот Работнички со пресврт и 3:2 во сетови.
Финалниот меч кај дамите е закажан за в недела од 12 часот. По него од 15 часот ќе се игра машкото финале меѓу Струмица и Штип УГД.