Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
По двете победи во квалификациите, нашата тенисерка денеска во мечот од 2.коло ја совлада Италијанката Џулијана Бестети со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5)
Првиот сет по 1:1 во гемови, македонската тенисерка имаше серија од пет гема за водство од 1:0 во сетови.
Во вториот се играше израмнето се до 4:4. Првата меч топка Стоилковска не ја искористи во 10.тиот гем. Сепак во 12.гем Магдалена ја реализираше втората за 7:5 во гемови и 2-0 сетови.
Утре во четвртфиналето Стоилковска ќе игра против полската тенисерка Дариа Куцер (25 години, 1106.место ВТА).
Инаку, македонско-италијанската пресметка на турнирите денеска е без победник.
Лина Ѓорческа поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ фјучрсот во Аламинос, Ларнака на Кипар. Ѓорческа го доби првиот сет со 6:2 во гемови, но потоа следуваше сетот, кој заврши со 6:0 за противничката. По 3:0 во решавачкиот сет нашата тенисерка го предаде мечот.