Енис Барди, капитенот на македонската фудбалска репрезентација очекува добар настап на Македонија на претстојните контролни натпревари.
Молдавија и Црна Гора се противниците против кои ќе се темпира формата за Лигата на Нациите.
„Што се однесува до формата, најголемиот дел од нас доаѓаат со добра форма.
Што се однесува до натпреварите, ние имаме голема желба да покажеме што знаеме и можеме.
Овие дуели ќе бидат добар показател до каде сме и што треба да работиме во иднина. Мислам за она поважното што ни претстои, а тоа се натпреварите во Лигата на Нациите.
Со нетрпение ги чекаме овие натпревари“, изјави Барди.
Барди уште еднаш потенцира дека сите играчи ќе го дадат максимумот, со цел да се победува иако станува збор за контролни натпревари.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Молдавија од 15.30 часот.