Македонската А репрезентација го одработи вториот тренинг во Анталија за контролните натпревари против Молдавија (22. март) и Црна Гора (25. март).
Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Фудбалерот на германски Бохум, Агон Елези смета дека покрај играта на нашата репрезентација важен е и резултатот.
„Секогаш кога се игра за Македонија не само играта, туку и резултатот е многу важен, иако се работи за контролни натпревари.
Тоа ќе ни даде дополнителен импулс и зголемување на самодовербата за следните натпревари. Се надевам и очекувам да ја задржиме позитивната атмосфера од последниот собир.
Двата меча се одлична подготовка за предизвиците кои ни следуваат.
Молдавија и Црна Гора се одлични селекции, ние имаме нова генерација и ни требаат вакви натпревари“, вели Елези.