Екипата на Вардар во 17 коло од женската Супер лига го пречека тимот на Гевгелија. Вардарки лесно и убедливо со дури 37 голови разлика 48:11 славеа над гевгеличанки.
На почетокот на натпреварот вардарки влегоа мотивирано и брзо создадоа пет гола позитива (6:1). Тие само ја зголемуваа предноста, па во 24-та минута имаа и двоцифрена разлика 23:03.
Гевгелија немаше никаква шанса, вардарки го контролираа натпреварот и резултатот, а на полувреме заминаа со 13 гола позитива (27:4).
Второто полувреме беше само формалност со оглед на тоа дека вардарки беа незапирливи. Гостинската екипа имаше проблем да постигне погодок, додека Вардар лесно погодуваше. Крајниот резултат беше 48:11.
Најефикасни од екипата на Вардар беа Симона Василева и Борјана Коцева со осум погодоци, додека од Гевгелија Кадиева Билјана даде четири гола.
Ивона Кимовска