Со натпреварот одигран попладнево во Скопје, комплетирано е 24.коло во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот одигран на арената „Тодор Проевски“, актуелниот шампион Струга Трим Лум славеше против Работнички со 2-1.
По мирното прво полувреме во кое мрежите мируваа, во вториот дел беа постигнато трите гола.
Гостите поведоа со голот на Радевски во 52-та минута. Се играше 69-тата кога Стојановски израмни на 1-1. Но, радоста на домаќините не траеше ниту минута кога по брзата контра на спротивната страна Влајковиќ донесе нива предност на стружани, овојпат со 1-2.
Иако во завршните 10-миути гостите играа со играл помалку, фудбалерите на Работнички не го искористеа тоа па стружани ги однесоа бодовите.
Сега Струга ТЛ е осамена на врвот на табелата со 51 бод три повеќе од Шкупи, а шест од трето пласираната Шкендија.
ПРВА ЛИГА – 24.КОЛО
недела
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-2
сабота
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0