Борусија Дортмунд на својот стадион „Сигнал Идуна Парк“ го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3:1.
Натпреварот започна со погодок на гостинот уште во 13-тата минута за водство од 1:0, а погодокот го постигна поранешниот играч на Дортмунд, Марио Геце.
Карим Адејеми во 31-та минута одлично се снајде во шестнаесетникот и погоди за 1:1.
Пресвртот на домаќините дојде во доцната 81 минута кога искусниот Матц Хумелс погоди за 2:1.
Конечните 3:1 ги постави Емре Џан кој одлично го реализираше ударот од белата точка.
По овој триумф, Дортмунд се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 50 освоени бодови, шест помалку од третопласираниот Штутгарт и еден повеќе од Лајпциг. Додека Ајнтрахт останува шести со 40 бодови далеку од ТОП4.