Кошаркарките на Вардар остварија важна победа во борбата за врвот на табелата во женската Прва А лига откако во дуелот од 4.коло од оролоџо го победија тимот на МЗТ Скопје Аеродром со 59:58. Триумфот стигна пред се благодарение на трите тројки (од вкупно седум) на почетокот на последната четвртина од кои две беа на Зафировска и една на Наков, со што „црвено-црните“ победоа со 55:47 (највисоки +8).
На крајот сепак имаше интересна завршница, но гостинскиот тим кој водеше во поголемиот дел од првиот дел не стигна да има напад за победа.
Кејтлин Метју кај Вардар со 18 поени беше најефикасна, додека во тимот на МЗТ Скопје А. Кристел Томас постигна 33 поени. Гостинската екипа целиот натпревар го одигра со една петорка, додека кај Вардар сите 40 минути ги играше Метју.