Контролите натпревари на најдобрата репрезентација на Македонија, се причината за одигрувањето на прволигашките натпревари ден порано од вообичаеното.
Имено, денеска ќе се одиграат пет од шесте натпревари од 24.коло во Првата лига, а еден на програмата е утре.
Иако сите натпревари се со голема важност, што се однесува до освојувањето на бодовите, сепак најинтересно се очекува да виде во Маџари. На стадиони „Борис Трајковски“ во оваа скопска населба, Вардар ја пречекува трето рангираната Шкендија.
Пред само две недели овие две екипи играа во Тетово, каде домаќините славеа убедливо со 3-0.
Вардарци сега ќе се обидат да се реваншираат и дополнително да му ги замрсат сметките на тетовскиот тим во трката за титулата. Воедно за скопјани трите бода се исклучително важни во борбата за опстанок во прволигашкото друштво.
Истиот императив, освојување н трите бода, важи и за сите други екипи, како за оние од горниот, така и за оние од долниот дел на табелата.
Петте денешни натпревари ќе почнат од 15 часот, терминот во кој ќе се игра и утрешниот дуел меѓу Работнички и Струга Трим Лум.
Дел од натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА – 24.КОЛО
Сабота (15 часот)
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ
Недела (15 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ