Во Првата машка кошаркарска лига, попладнево во Скопје ќе се играат дваипол натпревари од 20-тото коло.
Имено, за вечерва е закажано продолжението на натпреварот меѓу Чаир и НЗТ Скопје Аеродром кој почна во четвртокот. Веќе е елаборирано дека, на овој меч се одигра само едно полувреме, а по немилите настани беше прекинат. Согласно пропозициите и насоките од Комесарот на КФМ, вечерва ќе се одиграат вторите 20 минути. Дуелот ќе почне, со два поени предност за шампионот (42-44).
Лидерот на табелата Работнички ќе го пречека гевгелиски Кожув. Црвените ја имаат улогата на фаворит во дуелот со тимот што ќе се бори за опстанок. Освен победа на Работнички би било големо изненадување, доколку гостите на крајот се радуваат.
Овој натпревар ќе се игра во СЦ „Кале“ со почеток од 18 часот.
Претходно, во Кисела Вода, екипата на Гостивар ќе му гостува на составот на ФМП академија. Гостите се пред императив на триумф со кој би направиле голем исчекор кон пласман во ТОП-8, а со тоа и плејофот.
И последниот натпревар од оваа рунда, ќе се одигра во Скопје. Во СЦ „Јане Сандански“ екипата на Феникс ќе го пречека Охрид.
Четирите викенд натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
сабота
15.30 АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
21.00 ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ недоигран (42-44)*
недела
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД
претходно
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-56
ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34*, Пелистер 34, Чаир 32*, Еуро Никел 33, ТФТ 33, Феникс 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 23;