Кошаркарите на МЗТ Скоје Аеродром впишаа нова победа на своето конто. Тие вечера славеа во вториот дел од натпреварот со Чаир кој почна во четвртокот.

Второто полувреме шампионот (продолжението на мечот) МЗТ го започна со два поени предност (42-44).

На почетокот на третата четвртина беше рамноправно се до 48-48. Тогаш гостите од Аеродром направија низа од 8-0. Но, имаа сино-белите и десет предност (55-64), за на =крајот на периодот за заминат со +5 (59-54).

Во 33.минута со тројката на Галовеј, домаќините поведоа со 68-67. Но, аеродромци веднаш вратија со осум поени во низа за (68-75). На 2:23.минути до крајот , при водство (75-81), МЗТ остана без Војдан Стојановски кој поради втора неспортска грепка мораше да оди во соблекувална. Тоа не го искористија домашните кошаркари, па МЗТ на крајот славеше со 89-84.

Галовеј кој пред два дена постигна седум тројки, денеска додаде уште пет, но неговите 35 поени останаа бадијала, бидејќи Чаир загуби. Во победничката екипа на МЗТ, петмина играчи беа двоцифрени, а најефикасен беше Гилон со 19.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
сабота

ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 84-89
АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР 82-102
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 92-73
недела
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД
Претходно одиграно
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 73-56

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Чаир 33, Еуро Никел 33, ТФТ 33, Феникс 30, Гостивар 27, Кожув 25, , Академија ФМП 24, Охрид 23, Вардар 23.