Екипите на Чаир и МЗТ Скопје Аеродром треба да го доиграат вчерашниот натпревар кој беше прекинат меѓу двете полувремиња.
Ова е „Соломонското решение“ на комесарот за натпреварување при КФМ, Александар Милојевиќ.
Во соопштението објавени на веб страната на федерацијата се вели:
„По разгледуавњето на комплетната документација, Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ, донесе одлука поврзана со прекинатиот натпревар помеѓу екипите на КК „Чаир 2030“ и КК „МЗТ Скопје Аеродром“ од рамките на дваесеттото коло, 14.03.2024 година, од 21:00 часот.
Освен тоа, екипата на КК „Чаир 2030“ да достави термин, во најкраток рок, најдоцна до 20:00 часот, денес, петок, 15.03.2024 година, за доигрување на прекинатиот натпревар согласно актите на КФСМ“
Воедно Комесарот ја донесе и следната одлука за прекинатиот натпревар од 20. коло од Прва лига-мажи: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром