Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ предвреме го заврши натпреварот против Голден Стејт кој неговиот тим Далас го доби со 109-99.
Во текот на последната четвртина Дончиќ се пожали на повреда и замина во соблекувалната. Од тимот на Далас веднаш информираа дека Лука се пожалил болка на тетивата. Словенецот не се врати во игра.
Дончиќ до тој момент имаш 21 поен, девет асистенции и три скока, па пропушти да заврши уште еден дуел со троен ефект. Во отсуство на Лука, Кајри Ирвинг ја презеде одговорноста. Кајри заврши со дабл-дабл со 23 поени и 10 асистенции, на кои додаде 8 асистенции го одведе Далас до нова победа.
Шампионот Денвер славеше на гостувањето кај Мајами со 100-88. Овојпат прв стрелец кај „Нагетси“ беше Портер со 25 поени, додека Гордон постигна 15.
Србинот, Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 12 поени и 14 скокови. Со оваа победа Далас сега е прв во Западната конференција.
Најнеизвесниот натпревар го одиграа Индијана и Чикаго, а го добија гостите по продолжение со 129-132.
Демар ДеРозан беше прво име на овој дуел постигнувајќи 46 поени за победничката екипа, а му недостасуваше еден скок за дабл-дабл.