Најдобрата макеоднска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го полна настапот на турнир во Аламинос, Ларнака Кипар.
Ѓорческа во првото коло на турнирот, чиј награден фонд е 25.000 долари ја совлада убедливо домашна тенисерка Марија Сиопача со 2:0 во сетови.
И во двата сета, тетовката, на противнилката и препушти само по еден гем (6-1 и 6-1).
Лина подоцна заедно со со Лола Радивојевиќ ќе игра и во двојки во меч од првата рунда.
Попалденво свој настап ќе има и Магдалена Стоилковска.
Таа учествува на турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Стоилковска во првата рунда ќе игра против седма носителка Бо Јунг Јоенг од Кореја.