Деновиве актуелна е темата на влез на екипата на Дубаи во регионалната „екс-ју“ АБА лига. Но, како што пренесуваат медиумите од Србија, неизвесноста продолжува.
Имено, на денешното Генералното собрание на АБА лигата не било донесена одлука за влез на Дубаи, барем засега.
Причината, пари!? Имено клубовите побарале три пати повеќе пари од понудената сума.
На собранието на АБА лигата право на глас имаат 11 клубови: Партизан, Звезда, Цедевита Олимпија, Будуќност, Задар, Цибона, Мега, ФМП, Крка, Игокеа и Морнар.
Според претходните извештаи, Дубаи требаше да и плати на АБА лигата 4,5 милиони долари за три сезони. Дополнително, тимот од Блискиот исток, ќе ги плати сите патни трошоци на учесниците кога ќе играат како домаќин.
Во краткото соопштение на АБА лигата за денешниот состанок се вели.
„Претставниците на БК Дубаи беа гости на седницата на собранието на АБА лигата и ја претставија својата долгорочна понуда и спортско-деловна визија за приклучување кон семејството на АБА лигата од сезоната 2024/25. Сите членови на собранието на АБА лигата се појавија многу позитивни и отворени за презентираниот проект на БЦ Дубаи да се приклучи на АБА лигата, што ги создаде основите за понатамошни дискусии и конечна одлука поврзана со оваа тема, која ќе биде донесена во најкус можен рок. Продолжението на седницата на Собранието на АБА лигата е закажано за 19 март 2024 година“
Старата народна вели „Кога нешто неможен да купиш со малку, купи го со повеќе, многу пари“. Најверојатно ова се однесува на двете страни, клубовите „акционери“ и тимот на Дубаи.