Понеделник полека станува резервиран за најинтересните натпревари во македонската одбојка. Така ќе биде и денеска.
Имено, за попладнево е закажан дерби дуелот од 4.коло во женската конкуренција. Натпреварот од Втората фаза-2, меѓу актуелниот шампион Работнички и досега не поразениот тим на Струмица.
Засилената екипа на Работнички ќе се обиде да стави крај на низата на струмичанка, но и да покаже дека во разигрувањето сериозно мисли да го брани трофејот. Домашниот состав веќе заостанува три победи зад Наковски волеј кој во оваа рунда пред своите симпатизери славеше против Јанта волеј, па се поизвесни се и двојките за разигрувањето.
Денешниот дуел меѓу Работнички и Струмица ќе се игра во терминот од 17 часот.
Во плеј-аут конкуренцијата без изненадувања и би се рекло очекувани резултато.
Екипите на Фит Фан Волеј и Младост УГД славеа очекувани победи на гостински терен против двата тима кои го носат името Вардар.
ПРВА ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
понеделник
17.00 Работнички Скопје – Струмица (МРТ-3)
одиграно во саботата
Наковски волеј – Јанта волеј 3:1 (25:19, 25:17, 20:25, 25:14)
ТАБЕЛА: Струмица 49 бодови, Јанта Волеј 33, Наковски волеј 32, Работнички 29.
ПРВА ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО
Вардар жени – Фит фан волеј 0:3 (19:25, 16:25, 23:25)
Вардар ЕМ – Младост УГД 0:3 (14:25, 23:25, 23:25)
ТАБЕЛА: Фит Фан Волеј 31, Младост УДГ 23, Вардар ЕМ 10, Вардар жени 0.