Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, попладнево ќе се собере во Скопје.

Селекторот Кирил Лазаров во х. „Александар Палас“ ќе ја има првата прозивка на ракометарите кои се најдоа на неговиот список за двомечот со Романија.

Во рамките од ЕХФ неделата, Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Романија и тоа на гости во во градот Браила на 15 и 16 март.

Од списокот на 21 ракометар, сигурно ќе отпаднат тројца.

Станува збор за пелистерците, Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ, кои се здобија со повреди на дуелот во Лигата на шампионите против Колстад, како и вардаровиот бек Томислав Јагуриновски.

Дали Лазаров ќе повика нови ракометари на нивните места останува да видиме на собирот закажан за попладнево во 16 часот.