Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја е победник на првата овосезонска трка во Мото ГП шампионатот што се возеше во Катар.
Италијанецот, кој е актуелен светски шампион, со своето Дукати беше најбрз и прв ја мина целната рамнина.
Втор заврши Бред Биндер од КТМ, а место на подиумот обезбеди Хорхе Мартин од Прамак Дукати тимот.
Во најдобрата десетка завршија уште и Бастијанини кој беше 5-ти, Џиантонио беше седми, па следуваат Алеиш Еспаргаро, дебитатот Акоста и Вињалес.
Следната трка ќе се вози за две недели на 24-ти март кога на програмата е Португалското Гранд-при.