Екипата на Шкупи славеше победа над Маџари во дерби дуелот од Втората лига, по што чаирчани избија на второто место на табелата. Дуелот од 18-тото коло го добија кошаркарите на Шкупи со 87-80.

Како и што се очекуваше, интересен натпревар се одигра во Чаир, а победникот беше решен во завршницата благодарение на одличниот Љубиша Димитровски.

Гостите подобро го отворија натпреварот и во 4.минута имаа пет поени предност (7-12). Домаќините брзо се вратија во игра и првиот период го решија во своја полза со 25-23. Водеа чаирчани со +5 (28-23), но гостите возвратија и поведоа со најголеми за нив седум разлика (32-39). На паузата меѓу двете полувремиња, Маџари замина со предност од четири поени 40-44

Иста слика и во вториот дел. Наизменично се менуваа двете екипи во предност која не беше поголема од шест-седум поени разлика. Во последните шест минути се влезе со израмнети (73-73). Пресудија седумте поени во низа на Љубиша Димитровски, со кои Шкупи стигна до двоцифрена предност (86-75) која се покажа како решавачка. На крајот тимот на Шкупи славеше со конечни 87-80.

Со оваа победа Шкупи го презеде второто место на табелата од Маџари, а двата тима имаат идентичен „скор“ (13-3 победи-порази).

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
недела

MKK КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ 94-40
ШКУПИ – МАЏАРИ 87-80
ТЕТЕКС ТТК – СОКОЛИ 92-105
РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС 66-84
сабота
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 68-58
слободен БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 29, Маџари 29, Ангели 28, МЗТ Скопје У.Б. 26, Борец баскет 23, Соколи 22, Водно Санс 22, Мега Баскет 21, Работнички 2018 19, Тетекс 17.