Македонија нема да има свој претставник во таиквондо на Олимписките игри во Париз летово.
Откако вчера Дејан Георгиевски беше елиминиран, денеска за жал, исто заврши и Милијана Рељиќ.
Мила не успеа да ја мине Холанѓанката, Ами Минк во првиот круг од борбите, осминафинале.
Рељиќ ги загуби двете рунди и беше елиминирана.
Така за жал, годинава во Париз, ќе ги нема македонските таеквондисти, од кои секако очекувавме добар резултат, особено по освојувањето на сребрениот медал на Георгиевски во Пекинг.